Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 12.270, а на случаите на зараза изнесува 525.894 лица

1451663
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 552 илјади 164 лица, на случаите на зараза достигна до 12 милиони 172 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 7 милиони 070 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Индија, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 21.151, а на случаите на зараза достигна до 769.150 лица.

Во Кина, изворната земја на глобалната епидемија кадешто има вкупно 4.634 починати, во изминатите 24 часа се регистрирани 9 нови случаи, додека вкупниот број на случаите на зараза изнесува 83.581 лице.  

Во Јужна Кореја, од почетокот на епидемијата досега животот го загубија вкупно 287 лица,  додека вкупниот број на инфектираните изнесува 13.293 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 10.667, а на случаите на зараза на 700.792 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 12.084 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 248.379.

Во Израел, досега од Ковид-19 починаа 344 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 33.557 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 12.270, а на случаите на зараза изнесува 525.894 лица.

Во Јужноафриканската Република, во изминатите 24 часа починаа 98 лица со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 3.600, а со регистрирани уште 8.810 новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 224.665 лица. 

Бројот на смртните случаи во некои земји на континентот Африка е вака:

Јужноафриканската Република 3.600

Египет 3.564

Алжир 978 

Нигерија 684 

Судан 636 

Камерун 359 

Мароко 242 

Демократска Република Конго 182 

Кенија 169 

Мавританија 139

Гана 129  

Мали 120 

Етиопија 120 

Сомалија 92

Најголем број случаи на зараза на континентот Африка пак, има во Јужноафриканската Република со 224.665, а потоа следуваат Египет со 78.304, Нигерија 30.249, Гана 22.822, Алжир 17.348, Камерун 14.916, Мароко 14.771, Судан 10.084, Кенија 8.528, Сенегал 7.657, Демократска Република Конго 7.432, Етиопија 6.774 случаи на зараза.

Од друга страна, во африканските земји како што се СејшелитеЕритрејаУгандаНамибија и Лесото досега нема регистрирани смртни случаи.



Слични вести