Состојбата со Ковид-19 во светот: Позитивен на вирусот и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро кој поради тоа што ја омаловажуваше пандемијата на Ковид-19 и не ги презеде неопходните мерки против епидемијата привлече големи реакции, исто така бил позитивен на тестот на Ковид-19

1450906
Состојбата со Ковид-19 во светот: Позитивен на вирусот и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро
super covid19 abd
super covid19 6.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 2.jpg
super covid19
super covid19 3.jpg
süper Covid-19
süper covid19.jpg
buenos aires covid-19.jpg
super covid19 9.jpg
super covid19 hijyen2.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 550 илјади 477 лица, на случаите на зараза достигна до 12 милиони 114 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 7 милиони 003 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 134 илјади 667 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 3 милиони 142 илјади 709 инфектирани лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе изврши притисок врз гувернерите за отворање наесен на училиштата коишто се затворени во рамките на преземените мерки против коронавирусот. Во меѓувреме, фармацевтската компанија „Новавакс“ (Novavax) која делува во сојузната држава Мериленд, соопшти дека е потпишан договор со администрацијата на САД во вредност од 1,6 милијарди за производство на 100 милиони дози вакцина против Ковид-19 во почетокот на наредната година.

Од друга страна, Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во САД и донираше 100 илјади медицински маски на сојузната држава Мериленд која инаку е збратимен град со турскиот град Коџаели.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 67.964, а на случаите на зараза  достигна до 1 милион 713 илјада 160 лица. Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро исто така е позитивен на тестот на Ковид-19. Болсонаро кој поради тоа што го омаловажуваше Ковид-19 и не ги презеде неопходните мерки против епидмеијата привлече големи реакции, рече дека „ги презел неопходните мерки за да не го пренесе вирусот на други и дека се чувствува добро“.

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, во изминатите 24 часа животот го загубија уште 126 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 44.517. Бројот на случаите на зараза со раст за 630 лица пак, се искачи на 286.979 лица.

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 со раст за уште 15 лица се зголеми на 34.914 лица, вкупниот број на активни случаи во земјата се намали на 13.595 лица, додека се регистрирани и 193 нови случаи на зараза со што вкупниот број на инфектираните достигна до 242.149 лица.

Во Мексико, бројот на смртните случаи од коронавирусот се зголеми на вкупно 32.014, а на случаите на зараза достигна до 268.008 лица.

Во Франција, од глобалната епидемија во изминатите 24 часа починаа уште 32 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 29.965, а бројот на случаите на зараза се искачи на вкупно 169.473, од кои пак 61.523 се активни.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека вкупниот број на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 се зголеми на 28.396. Министерството, воедно информира дека бројот на случаите на зараза во земјата се искачи на 299.593 лица.

Во Србија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 11 лица, а се дијагностицирани 357 новозаразени. Во земјата има 3.173 активни случаи на коронавирусот, додека од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 17.076 случаи. Од вчера тестирани се 8.567 лица, од кои 357 се позитивни на коронавирусот. Во изминатите 24 часа починаа уште 11 лица, со што бројот на смртните случаи се зголеми на 341 лице. Процентот на смртност во земјата изнесува 2 отсто. Откако српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека викендот ќе се применува забрана за излегување на улица (за движење) граѓаните на Белград излегоа на улиците и се собраа пред Собранието. Големиот број учесници на протестот кои сакаа да влезат во Собранието се соочија со интервенцијата на полицијата, додека една друга група учесници на протестот ги блокираа некои улици за сообраќај.

Австрија кадешто поради епидемијата досега починаа 706 лица, поради повторниот раст во бројот на случаите на зараза од Ковид-19 во Балканските земји освен за земјите членки на Европската унија (ЕУ) Бугарија и Романија, повторно издаде предупредување за патување и во Молдавија. 

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 11.133

Белгија 9.776

Германија 9.111

Канада 8.733 

Холандија 6.135

Чиле 6.573 

Шведска 5.482 

Еквадор 4.873 

Колумбија 4.359 

Швајцарија 1.966 

Ирска 1.738

Романија 1.817 

Полска 1.542 

Аргентина 1.654

 

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 продолжува да расте особено во земјите во Латинска Америка и во САД.

 



Слични вести