Ново предупредување од Гебрејесус: Пандемијата се засилува и се уште не го достигнала врвот

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус го рече следното: „Епидемијата на (новиот тип коронавирус) Ковид-19 се забрзува и јасно е дека не сме го достигнале врвот на пандемијата“

1450897
Ново предупредување од Гебрејесус: Пандемијата се засилува и се уште не го достигнала врвот

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус говореше на одржаната прес конференција преку видеоконференција во седиштето на организацијата во швајцарскиот град Женева кадешто нагласи дека пандемијата се шири брзо и е смртоносна.

Гебрејесус го рече следното: „Епидемијата на (новиот тип коронавирус) Ковид-19 се забрзува и јасно е дека не сме го достигнале врвот на пандемијата.“ 

Потсетувајќи дека на 3 месеци по појавата на епидемијата бројот на случаите на зараза во целиот свет достигна до 400 илјади, Гебрејесус рече: „Само на крајот од неделата пак, низ светот имаше повеќе од 400 илјади случаи. Моментално имаме 11,4 милиони случаи на Ковид-19 и животот го загубија повеќе од 535 илјади лица. Епидемијата на Ковид-19 се забрзува и јасно е дека не сме го достигнале врвот на пандемијата. И покрај тоа што се гледа дека бројот на смртните случаи глобално е урамнотежен, додека некои земји навистина бележаа значаен напредок во намалувањето на бројот на смртните случаи, а во другите земји смртноста сѐ уште расте.“

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, исто така предупреди дека вирусот не може да се омаловажи, дека е мошне сериозен и дека ниту една земја не е безбедна.



Слични вести