Џонсон и Меркел разговараа телефонски за односите по Брегзит, Ковид-19 и Либија

Во објавеното соопштение од владината канцеларија на Велика Британија на „Даунинг стрит број 10“ се истакнува дека премиерот Борис Џонсон оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел

1451495
Џонсон и Меркел разговараа телефонски за односите по Брегзит, Ковид-19 и Либија

Британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа за односите по Брегзит, борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и за надворешно политички прашања на чело со Либија.

Во објавеното соопштение од владината канцеларија на Велика Британија на „Даунинг стрит број 10“ се истакнува дека премиерот Борис Џонсон оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.

Двајцата лидери, во телефонскиот разговор стоеја на значењето на меѓународната соработка по прашањето на новиот тип коронавирус (Ковид-19), вклучувајќи ги и работите за пронаоѓање вакцина.

Џонсон го повтори своето ветување по прашањето за се продолжи до работа за постигнување ран договор во преговорите за односите по Брегзит, додека доколку не се постигне соодветен договор истакна дека Велика Британија е спремна да се оддели од Европската унија (ЕУ) согласно условите на Австралија.

Џонсон и Меркел во остварениот телефонски разговор ја изразија и својата загриженост по прашањето на анектирањето на палестинските територии од страна на Израел, а во врска со Либија ветија да ги зголемат двократно своите напори за да би можело да се дојде до решение за коешто ќе се преговара.



Слични вести