Во терористички напад во Буркина Фасо загинаа 50 лица од кои повеќето жени и деца

Според вестите објавени во националниот печат, терористите завчера го нападнале селото Петабуили на оддалеченост од 50 километри од градот Гором-Гором и во нападот загинале 50 лица од кои повеќето жени и деца

1450648
Во терористички напад во Буркина Фасо загинаа 50 лица од кои повеќето жени и деца

Во реализиран терористички напад во северниот дел на западноафриканската држава Буркина Фасо животот го загубија 50 лица од кои повеќето се жени и деца.

Според вестите објавени во националниот печат, терористите завчера го нападнале селото Петабуили на оддалеченост од 50 километри од градот Гором-Гором.

Во нападот на терористите кои пукале наоколу врз цивилите загинале 50 лица од кои повеќето жени и деца.

Инаку, северната линија на земјата на чело со областа Банх на границата со Мали, од 2018 година често е подложена на терористички напади.

Поради терористичките напади во 7 од вкупно 13 области на Буркина Фасо од почетокот на 2018 година се применува вонредна состојба.

Во реализираните напади од страна на терористичките организации од 2015 година досега во западноафриканската држава Буркина Фасо се раселени од своите домови приближно 1 милион лица.



Слични вести