САД одобрија продажба на воена опрема на 5 земји во износ од 7,48 милијарди долари

Соединетите Американски Држави (САД) одобрија продажба на воена опрема на 5 земји и тоа Франција, Израел, Индонезија, Аргентина и Литванија

1450512
САД одобрија продажба на воена опрема на 5 земји во износ од 7,48 милијарди долари

Соединетите Американски Држави (САД) одобрија продажба на воена опрема на 5 земји во износ од 7 милијарди 480 милиони долари. 

Станува збор за продажба на воена опрема на Франција, Израел, Индонезија, Аргентина и Литванија. 

Во објавеното соопштение од Агенцијата за одбранбено-безбедносна соработка на САД се истакнува следното: „Државниот секретаријат во рамките на надворешната воена продажба ја одобри продажбата на Франција на 3 авиони E-2D Hawkeye и опрема за нив во износ од 2 милијарди долари, продажбата на Индонезија на 8 повеќенаменски воени хеликоптери од типот MV-22 Osprey во вредност од две милијарди долари, продажбата на Израел на  990 милиони литри млазно гориво во вредност од 3 милијарди долари, продажбата на Литванија на 6 хеликоптери од типот UH-60 Black Hawk во вредност од 380 милиони долари, и продажбата на Аргентина на 27 транспортни возила од типот M1126 Stryker во вредност од 100 милиони долари.“

 



Слични вести