Претставена новата влада на Франција на чело со премиерот Жан Кастекс

Генералниот секретар на Елисејската палата Алекси Колер го претстави новиот владин кабинет на Жан Кастекс составен од 31 министер, од кои 17 се жени и 14 мажи

1450380
Претставена новата влада на Франција на чело со премиерот Жан Кастекс

Францускиот претседател Емануел Макрон ја одобри новата Влада формирана од страна на новиот премиер на земјата Жан Кастекс.

Генералниот секретар на Елисејската палата Алекси Колер го претстави новиот владин кабинет на Жан Кастекс кој по оставката на Едуард Филип и неговата влада беше назначен за премиер и му беше доделена должноста за составување на нова влада. 

Колер истакна дека во новиот кабинет на Владата на Франција се именувани 31 министер, од кои 17 се жени и 14 мажи.

Во новата француска влада покрај старите има и нови имиња.

За министерка за животна средина е именувана Барбара Помпили, која во 2016 година во Националното Собрание беше претседателка на парламентарната група на Партијата на зелените (EELV), а потоа и државна министерка за прашања по биолошка разликост за време на претседателскиот мандат на Франсоа Оланд.

Ерик Дупонт-Морети, кој е познат француски адвокат за кривично право и адвокат на познати личности и политичари, е именуван за министер за правда. Именувањето на Дупонт-Морети за министер предизвика големо изненадување во Франција.

За министерка за култура е именувана Розелин Бачело, која оваа должност претходно ја извршуваше на двапати, и тоа за време на претседателските мандати на Жак Ширак и Никола Саркози.

Елизабет Морено, родена 1970 година на островото Сантијаго, која се доселила во Франција во 1977 година, ќе ја извршува должноста Министерка за рамноправност меѓу мажите и жените.

Поранешната министерка за животна средина Елизабет Борн стана министерка за труд, поранешниот министер за финансии Жерард Дарманин го стана министер за внатрешни работи, а поранешниот министер за просторно планирање Жулиен Денорманди е именуван за министер за земјоделство и храна.

Министер за внатрешни работи е Жерар Дерманин, министрка за одбрана Флоренс Парли, министер за европски прашања и надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан, министер за здравство Оливиер Веран, а министер за економија Бруно Ле Мер.

Новиот владин кабинет на Франција на чело со премиерот Жан Кастекс денеска ќе го одржи свиојот прв состанок под претседателство на претседателот Емануел Макрон.

 



Слични вести