Предупредување од Гутерес: Пандемијата може да ги донесе со себе и новите терористички напади

„Пандемијата ни ги покажа нашите слаби точки против новите терористички напади како што се злонамерното користење на дигиталната технологија, сибер нападите и биолошкиот тероризам.“ - рече генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес

1450208
Предупредување од Гутерес: Пандемијата може да ги донесе со себе и новите терористички напади

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во говорот што го одржа во рамките на неделата за борба против тероризмот предупреди дека пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) може да ги донесе со себе и новите терористички напади како што се злонамерното користење на дигиталната технологија, сајбер нападите и биолошкиот тероризам.

Гутерес привлече внимание дека терористичките организации ДЕАШ, Ал Каеда и групите поврзани со нив, неонацистите, оние кои застануваат во одбрана на супериорноста на белата раса и другите групи на омраза, се обидуваат да обезбедат корист од поделбите и локалните конфликти.

Велејќи дека ДЕАШ се уште се обидува да се структура во Сирија и Ирак, Гутерес рече: „Пандемијата ни ги покажа нашите слаби точки против новите терористички напади како што се злонамерното користење на дигиталната технологија, сајбер нападите и биолошкиот тероризам.“

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) во својот говор исто така подвлече дека и тероризмот исто како и вирусот нер познава граници и нагласи дека овој проблем може да се реши само со заедничко делување и дека затоа постои потреба од споделување на разузнавачки информации.



Слични вести