Висок германски функционер: Сигурни сме дека наскоро ќе започне туризмот со Турција

„Ако ситуацијата е добра, а минатата недела беше добра, би можеле релативно брзо да ги направиме подготовките за отворање“ - рече германскиот владин комесар за туризам Томас Бареис

1449983
Висок германски функционер: Сигурни сме дека наскоро ќе започне туризмот со Турција

Германскиот владин комесар за туризам Томас Бареис изјави за германскиот телевизиски канал „НТВ“ (NTV) истакна дека треба да се покажува фер третман кон секоја земја и истакна дека е сигурен во тоа дека наскоро ќе започне туризмот со Турција.

Бареис рече: „Сигурен сум дека наскоро ќе го започнеме туризмот со Турција.“

Појаснувајќи дека минатата недела во Берлин остварија корисни разговори со министрите за надворешни работи и култура и туризам, Бареис истакна дека ќе се разговара за тоа што би можело да се направи за започнување на туризмот помеѓу двете земји, а како што рече доколку се мали бројките на случаите во туристичките одморалишта и доколку луѓето се стекнат со можност да одат на одмор и да се враќаат здрави.

Томас Бареис наведе дека Турција направи многу работи во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и рече: „Ако ситуацијата е добра, а минатата недела беше добра, би можеле релативно брзо да ги направиме подготовките за отворање.“

Бареис напомена дека ги продолжуваат контактите со турските функционери и го рече следното: „Правиме неделна проценка на ситуацијата. Нашите разговори за безбедно патување продолжуваат.“

 



Слични вести