Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1449489
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 538 илјади 704 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 11 милиони 666 илјади, а досега оздравеа повеќе од 6 милиони 601 илјада заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), во изминатите 24 часа нема регистриран нов случај на зараза од Ковид-19. Досега во земјата животот го загубија 4 лица, бројот на случаите на зараза изнесува 113 од кои продолжува лекувањето на 5 хоспитализирани пациенти.

Во Ирак, од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа животот го загубија 105 лица и бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 2.473. Во земјата се регистрирани уште 2.125 новозаразени со што бројот на случаите на зараза се искачи на 60.479 лица.

Во Мадагаскар, бројот на смртните случаи изнесува 32, додека во главниот град Антананариво поради растот во бројот на новите случаи на зараза по пауза од два и пол месеци повторно ќе се применува карантин. Во последните 2 недели бројот на регистрираните нови случаи на зараза од Ковид се зголеми за речиси двократно и изнесува 2.941.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 11.400, а на случаите на зараза изнесува над 480 илјади лица.

Најголем број човечки загуби од коронавирусот (Ковид-19) во Африка досега има во Египет кадешто починаа 3.343 лица, а потоа следуваат Јужноафриканската Република со 3.199, Алжир 952, Нигерија 645, Судан 608, Камерун 313, Мароко 235, Демократска Република Конго 182, Кенија 160, Мавританија 130, Мали 119, Гана 122, Етиопија 103, Сомалија 92 починати.

Најголем број случаи на зараза на континентот Африка има во Јужноафриканската Република со 196.750, а потоа следуваат Египет со 75.253, Нигерија 27.711, Гана 20.085, Алжир 15.941, Мароко 14.215, Камерун 12.592, Судан 9.767, Кенија 7.886, Демократска Република Конго 7.411, Сенегал 7.400, Етиопија 5.846 случаи на зараза.

Од друга страна, во африканските земји како што се СејшелитеЕритрејаУгандаНамибија и Лесото досега нема регистрирани смртни случаи.



Слични вести