Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 132 илјади 569 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 2 милиони 983 илјади инфектирани лица

1449482
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super covid19 9.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 6.jpg
super covid19 3.jpg
super covid19 abd
super covid19 hijyen2.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 538 илјади 704 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 11 милиони 666 илјади, а досега оздравеа повеќе од 6 милиони 601 илјада заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 132 илјади 753 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 3 милиони 012 илјади 436 инфектирани лица. Претседателот на Претставничкиот дом на сојузната држава Мисисипи Филип Ган доби позитивен тест на Ковид-19. Ган истакна дека по утврдување на Ковид-19 кај еден пратеник со кого имал контакт и тој напраавил тест, меѓутоа не беше соопштено името на инфектираниот пратеник.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 65.120, а на случаите на зараза  достигна до 1 милион 613 илјада 351 лице.

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, во изминатите 24 часа се потврдени уште 16 смртни случаи со што бројот на починатите се зголеми на вкупно 44.236, а бројот на случаите на зараза со регистрирани 352 новоинфектирани се искачи на 285.768 лица. 

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 34.869 лица, вкупниот број на случаите на зараза досега изнесува 241.819 лица, додека бројот на активни случаи во земјата изнесува 14.709 заболени пациенти.

Во Мексико, бројот на смртните случаи од коронавирусот се зголеми на вкупно 30.639, а на случаите на зараза достигна до 256.848 лица. Градот Сонојта кој е сосед со градот Лукевил на сојузната држава Аризона во САД, како превентивна мерка против ширењето на пандемијата Ковид-19 го затвори за сообраќај за привемено автопатот што се протега преку границата кон САД. Како што се истакнува оваа превентивна мерка е преземена во име на заштитата на народното здравје, а поради порастот во бројот на случаите на зараза во соседната сојузна држава Аризона, во САД.

Во Франција, животот го загубија 29.920, а бројот на случаите на зараза се искачи на 168.335 лица од кои 61.107 се активни.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека вкупниот број на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 се зголеми на 28.388. Министерството, воедно информира дека бројот на случаите на зараза во земјата се искачи на 298.869 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 10.589

Белгија 9.771

Германија 9.090

Канада 8.687 

Холандија 6.128

Чиле 6.384 

Шведска 5.420 

Еквадор 4.821 

Колумбија 4.064 

Швајцарија 1.965 

Ирска 1.741 

Романија 1.768 

Полска 1.521 

Аргентина 1.523

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 продолжува да расте особено во земјите во Латинска Америка и во САД.

 



Слични вести