Британски „Фајненшл тајмс“: Хафтар веќе претставува товар за Франција

Во написот на британски „Фајненшл тајмс“ се истакнува дека Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, веќе претставува товар за Франција

1450074
Британски „Фајненшл тајмс“: Хафтар веќе претставува товар за Франција

Британскиот весник „Фајненшл тајмс“ напиша дека Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, веќе претставува товар за Франција и воедно подвлече дека главната причина за обвинувањата коишто се изнесуваат од страна на Париз кон Анкара е обидот да се прикрие направената грешка со доставената поддршка на Хафтар, досега.

Во написот на „Фајненшл тајмс“ се нагласува дека Франција е единствената европска земја за која се прифаќа дека го поддржува Хафтар, кој го нападна главниот град на Либија, Триполи, и сака да ја собори легитимната либиска Влада призната и поддржувана од Обединетите нации (ОН).

Во написот се истакнува дека недоразбирањето помеѓу Париз и Анкара се зголеми поради тоа што интервенцијата на Турција ги промени динамиките во Либија и поради низата нанесени порази во последните недели врз силите на Хафтар.

Се изнесуваат ставовите на еден искусен западен дипломат кој вели: „Французите разбраа дека Хафтар веќе нема никаква вредност и дека е дојден во својство на товар. Откако пак се соочија со оваа грешка мораат да ги оправдаа своите политики и ја обвинуваат Турција.“

Во написот се наведува дека одлуката на Франција за поддршка на Хафтар заедно и со земјите како Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е поврзано со одбраната на своите трговски удели во нафтениот сектор, а исто така им се оделува место на следните зборови на еден висок европски дипломат: „Да бидеме искрени, Турција го сопре падот на Триполи. Да не беше нивната интервенција ќе се доживееше хуманитарна катастрофа.“

Исто така и аналитичарите за надворешна политика наведуваат дека Франција го поддржуваше Хафтар затоа што мислеше дека ќе може да го контролира во согласност со традицијата на нејзината африканска политика за време на колонизацијата, но дека со интервенцијата на Турција беше шокирана.

 



Слични вести