Состојбата со Ковид-19 во источните и арапските земји, Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1449103
Состојбата со Ковид-19 во источните и арапските земји, Азија и Африка
super covid19 4.jpg
super covid19 6.jpg
super covid19 hijyen.jpg
çin covid 2.jpg
moskova covid.jpg
iran korona.jpg
Azerbaycan-korona
korona afrika.jpg
Azerbaycan_korona
afrika koronavirus.jpg
kuzey afrika koronavirus.jpg
Afrika'da Korona.jpg
afrika koronavirüs.jpg
afrika.jpg
koronavirüs afrika.jpg
super covid 19 guney afrika
korona arap ülkeleri.jpg
arap ulkeleri kovid.jpg
arap ulkeleri koronavirus.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 533 илјади 580 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 11 милиони 386 илјади, а досега оздравеа повеќе од 6 милиони 445 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Русија, бројот на починатите од Ковид-19 во изминатите 24 часа се зголеми за 134 лица со што достигна до вкупно 10.161 лице, а со регистрирање на 6.736 новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 681.251 лице.

Во Индија, во изминатите 24 часа животот го загубија 610 лица со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 19.279 лица.

Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), во изминатите 24 часа е регистриран еден случај на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што бројот на случаите на зараза се зголеми на 113. Во земјата од епидемијата досега животот го загубија 4 лица.

Во Азербејџан, кадешто бројот на човечките загуби со раст за уште 6 лица се зголеми на 241, во изминатите 24 часа се регистрирани уште 534 нови случаи на зараза со што бројот на случаите на зараза во земјата се искачи на 19.801 лице.

Во Белорусија,  бројот на смртните случаи во изминатите 24 часа се зголеми за уште 6 лица и се зголеми на 418, додека бројот на регистрирани случаи до уште 273 лица достигна до вкупно 63.270.

Во Молдавија, во изминатите 24 часа се регистрирани уште 8 починати со што бројот на смртните случаи се зголеми на 580 лица, а со дијагностицирање на уште 227 новоинфектирани  бројот на случаите на зараза се искачи на 17.672 лица. Како што се истакнува од вирусот се заразени 2.516 здравствени работници од кои 26 го загубија животот. Бројот на случаите на зараза во автономната област Гагаузија која се наоѓа во составот на Молдавија пак, со раст од уште 10 лица се зголеми на 1.290.

Во Узбекистан, во изминатите 24 часа почина уште едно лице со што бројот на човечките загуби се искачи на 30, а со раст од 11 лица во изминатите 24 часа бројот на случаите на зараза од Ковид-19 се зголеми на 9.611 лица.

Во Таџикистан, има 52 смртни случаи, додека со регистрирање на уште 51 новозаразено лице во изминатите 24 часа, бројот на случаите на зараза достигна до 6.159.

Во Грузија, од Ковид-19 досега починаа 15 лица, а во изминатите 24 часа со раст за уште 2 лица бројот на случаите на зараза се зголеми на 951.

Во Ирак, од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) за еден ден животот го загубија 106 лица и бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 2.368. Во земјата се регистрирани уште 2.334 новозаразени со што бројот на случаите на зараза достигна до 58.354 лица.

Во Палестина, со смртта на уште 2 лица вкупниот број на смртните случаи од Ковид-19 се искачи на 19. На палестинските територии под окупација и блокада на Израел се регистрирани уште 237 инфектирани од вирусот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 11.121, на случаите на зараза достигна до 466 илјади лица, досега оздравеа вкупно 224.857, а бројот на активни случаи на континентот изнесува 230.322.

Во Гана, кадешто бројот на смртните случаи од коронавирусот изнесува 117 лица, претседателот Акуфо-Адо откако кај еден од неговата околина беше утврден вирус Ковид-19 се стави во карантин (самоизолација).

 



Слични вести