Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 132 илјади 318 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 2 милиони 936 илјади инфектирани лица

1449078
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super covid19
super covid19 abd
super covid19 2.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 9.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 hijyen2.jpg
super covid19 6.jpg
super foto kanada korona.jpg
corona italya.jpg
argentina corona.jpg
KORONA SÜPER
SÜPER FOTO ispanya koronavirüs.jpg
SÜPER abd koronavirüs.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 533 илјади 580 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 11 милиони 386 илјади, а досега оздравеа повеќе од 6 милиони 445 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 132 илјади 318 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 2 милиони 936 илјади инфектирани лица. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 64.365, а на случаите на зараза  достигна до 1 милион 578 илјада 376 лица.

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, во изминатите 24 часа се потврдени уште 65 смртни случаи со што бројот на починатите се зголеми на вкупно 44.198, а бројот на случаите на зараза со регистрирани 624 новоинфектирани се искачи на 284.900 лица. Во рамките на мерките за олабавување на преземените мерки против епидемијата се отворени рестораните, баровите и кафетериите, меѓутоа се согледува дека првиот ден повеќето од овие места беа празни.

Во Италија, од Ковид-19 починаа 15 лице и вкупниот број на смртните случаи од епидемијата се зголемина 34.854 лица, додека бројот на активни случаи се намали на 14.621 заболен пациент. Вкупниот број на случаите на зараза од коронавирусот во Италија досега изнесува 241.419 лица.

Во Мексико, бројот на смртните случаи од коронавирусот се зголеми на вкупно 30.366, а на случаите на зараза достигна до 252.165 лица.

Во Франција, животот го загубија 29.893, а бројот на случаите на зараза се искачи на 166.960 лица од кои 60.007 се активни.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека вкупниот број на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 се зголеми на 28.385. Министерството, воедно информира дека броотј на случаите на зараза во земјата се искачи на 297.625 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 10.589

Белгија 9.771

Германија 9.086

Канада 8.684 

Холандија 6.127

Чиле 6.308 

Шведска 5.420 

Еквадор 4.781 

Колумбија 4.064 

Швајцарија 1.965 

Ирска 1.741 

Романија 1.750 

Полска 1.417 

Аргентина 1.507

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 продолжува да расте особено во земјите во Латинска Америка и во САД.

 



Слични вести