Антирасистички протест во германскиот главен град Берлин

Демонстрантите во своите раце носеа транспаренти со натписи „Животот на црнците е важен“, „Бојата на кожата не е кривично дело“, „Молчењето е насилство“ и „Расизмот е вирус“

1449075
Антирасистички протест во германскиот главен град Берлин

Во главниот град на Германија, Берлин, се одржа антирасистички протест.

Групата демонстранти кои се собраа на плоштадот „Гендерменмаркт“ со слоганот „Не за расизмот“, од Бранденбуршката порта маршираа кон Столбот на Победата. 

Демонстрантите во своите раце носеа транспаренти со натписи „Животот на црнците е важен“, „Бојата на кожата не е кривично дело“, „Молчењето е насилство“ и „Расизмот е вирус“.

Демонстрантите од кои мнозинството го сочинуваа млади извикуваа слогани со осуда на расизмот.

Надлежни соопштија дека на протестот којшто се одржа под широки безбедносни мерки учествуваа 1.800 лица.



Слични вести