Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1448675
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка
afrika kovid.jpg
afrika koronavirus.jpg
kuzey afrika koronavirus.jpg
afrika.jpg
koronavirüs afrika.jpg
super covid 19 guney afrika
Güney Afrika.jpg
kovid doğu.jpg
korona arap ülkeleri.jpg
koronavirüs arap.jpg
arap ulkeleri kovid.jpg
iran korona.jpg
Azerbaycan-korona
Azerbaycan_korona
super covid19 4.jpg
super covid19 hijyen.jpg
moskova covid.jpg
çin covid 2.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 531 илјада 117 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 11 милиони 302 илјади, а досега оздравеа повеќе од 6 милиони 411 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), во изминатите 24 часа е регистриран еден случај на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што бројот на случаите на зараза се зголеми на 112. Во земјата од епидемијата досега животот го загубија 4 лица.

Во Ирак, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 102 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 2.262, а со регистрирање на уште 2.312 новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 56.020 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои источни земји, арапски и азиски земји е вака:

Индија 19.279, Иран 11.408, Русија 10.027, Кина 4.634, Пакистан 4.619, Индонезија 3.089, Бангладеш 1.997, Саудиска Арабија 1.858, Филипините 1.290, Украина 1.227, Јапонија 976, Авганистан 826, Кувајт 365, Ерменија 477, Јемен 337, Израел 330, Обединетите Арапски Емирати 321, Јужна Кореја 283, Азербејџан 241, Оман 203, Казахстан 188, Катар 123, Киргистан 78, Таџикистан 52, Узбекистан 31, Грузија 15, Палестина 12.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 10.951, на случаите на зараза достигна до 452.643 лица, досега оздравеа вкупно 218.794, а бројот на активни случаи на континентот изнесува 222.898.

Најголем број човечки загуби од коронавирусот (Ковид-19) во Африка досега има во Египет кадешто починаа 3.201 лица, а потоа следуваат Јужноафриканската Република со 2.952, Алжир 946, Нигерија 628, Судан 604, Камерун 313, Мароко 232, Демократска Република Конго 182, Кенија 159, Мавританија 129, Мали 118, Гана 117, Етиопија 103, Сомалија 92 починати.

Најголем број случаи на зараза пак, на континентот Африка има во Јужноафриканската Република со 177.124, а потоа следуваат Египет со 72.711, Нигерија 27.564, Гана 19.388, Алжир 15.500, Мароко 13.822, Камерун 12.592, Судан 9.663, Кенија 7.577, Демократска Република Конго 7.379, Сенегал 7.272, Етиопија 5.846 случаи на зараза.

Од друга страна, во африканските земји како што се СејшелитеЕритрејаУгандаНамибија и Лесото досега нема регистрирани смртни случаи.



Слични вести