Турција не се наоѓа на списокот на ограничени земји за патување на Швајцарија

Федералната влада на Швајцарија усвои одлука според која граѓаните кои ќе престојуваат во посета на 29 земји вброени на списокот, на враќање ќе бидат ставени во 10 дневен карантин

1448096
Турција не се наоѓа на списокот на ограничени земји за патување на Швајцарија

Турција не се наоѓа на списокот на 29 земји на Федералната влада на Швајцарија за кои порача ограничување на патувањето во рамките на мерките за спречување на епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Федералната влада на Швајцарија усвои одлука според која граѓаните кои ќе престојуваат во посета на 29 земји вброени на списокот, на враќање ќе бидат ставени во 10 дневен карантин.

Турција не се наоѓа на списокот на земјите за кои е донесено ограничување, додека големо внимание привлече податокот дека на истиот список се наоѓаат САД како земја во која е соборен рекордот на смртни случаи и заразени, Бразил, новиот центар на епидемијата, Русија и Шведска.

Меѓудругото на списокот на Швајцарија за ограничено патување се наоѓаат Саудиска Арабија, Катар, Азербејџан, Ерменија, Србија, Ирак, Израел, Чиле и Перу.

Швајцарија соопшти дека ограничувањата за влезот на граѓаните ќе траат до 20 јули, додека по овој датум се очекува земјата да се придржува на правилата на ЕУ.



Слични вести