Емирот на Катар: „Заедничкото културно наследство меѓу Арапите и Турција, конструктивна основа“

Двајцата лидери разменија мислења и во врска со случувањата во Палестина, Либија, Сирија и Јемен

1448237
Емирот на Катар: „Заедничкото културно наследство меѓу Арапите и Турција, конструктивна основа“

Емирот на Катар, Шеик Темим Бин Хамад Ал Сани рече: „Заедничкото културно наследство меѓу Арапите и Турција, формира конструктивна соработка за зајакнување на стабилноста и развојот на регионот“.

Шеикот Ал Сани по посетата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на неговата земја објави објава преку профилот на твитер.

Потенцирајќи на длабочината на односите меѓу Катар и турскиот народ по повод посетата на претсдетаелот Ердоган на Доха, Ал Сани истакна:

„Заедничкото културно наследство меѓу Арапите и Турција како и географската блискост формира конструктивна соработка за стабилноста и развојот на регионот, а исто така овозможува и целосен придонес во напредокот на човештвото.“

Катарската официјална новинска агенција (КНА) во веста посветена на посетата на претседателот Ердоган истакнува дека двајцата лидери разменија мислења и во врска со случувањата во Палестина, Либија, Сирија и Јемен како и другите меѓународни прашања коиимаат партнерско значење за двете земји.

Лидерите на средбата уште еднаш потенцираа на решителност и значењето на искачувањето на нивото на соработката меѓу двете земји во сите сфери, особено развојот на заедничките интереси во економијата, трговијата, интестициите, енергијата и одбраната.



Слични вести