Францускиот претседател Макрон за нов премиер го назначи Жан Кастекс

Францускиот претседател Емануел Макрон за нов премиер го назначи Жан Кастекс кој е задолжен за формирање на новата влада

1448388
Францускиот претседател Макрон за нов премиер го назначи Жан Кастекс

По оставката на францускиот премиер Едуард Филип утрово, за нов премиер на Франција е назначен Жан Кастекс.

Во објавеното писмено соопштение од Елисејската палата се истакнува дека Жан Кастекс е назначен за нов премиер на Франција и е задолжен за формирање на новата влада.

Жан Кастекс, во април од страна на францускиот претседател Емануел Макрон беше назначен за управување со процесот во врска со укинувањето на преземените мерки во рамките на глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

55 годишниот Кастекс на општинските избори што се оддржаа на 15 март беше реизбран за градоначалник на Прадес, град во источните Пиринеи, додека во 2011 и 2012 година за време на претседателскиот мандат на Никола Саркози,  ја извршуваше функцијата заменик генерален секретар на претседателството.

Инаку, Елисејската палата утрово соопшти дека премиерот Едуард Филип му ја врачи на претседателот Емануел Макрон својата лична оставка и оставката на својата влада, кој пак ја прифатил неговата оставка. 

Во земјата која во последно време се соочува со општествени и економски превирања веќе неколку недели како се очекуваше оваа оставка на францускиот премиер Едуард Филип.

 



Слични вести