Во вооружен напад во центар за рехабилитација во Мексико загинаа најмалку 24 лица

Според веста објавена во мексиканскиот печат, во реализиран вооружен напад во еден центар за рехабилитација на лица зависници од дрога во градот Ирапуато во сојузната држава Гуанахуато загинаа 24 лица, а 7 мина се ранети.

1447642
Во вооружен напад во центар за рехабилитација во Мексико загинаа најмалку 24 лица

Во реализиран вооружен напад во центар за рехабилитација во Мексико загинаа најмалку 24 лица, а 7 мина се ранети.

Според веста објавена во мексиканскиот печат, во реализиран вооружен напад во еден центар за рехабилитација на лица зависници од дрога во градот Ирапуато во сојузната држава Гуанахуато загинаа 24 лица, а 7 мина се ранети. 

Секретарот за безбендост на Ирапуато Педро Кортес Завала истакна дека ранетите се префрлени на лекување во околните болници и дека според првични информации во центарот за рехабилитација се наоѓале приближно 35 лица од кои некои успеале да избегаат.

Велејќи дека напаѓачите во центарот за рехабилитација дошле со возило, Завала истакна дека од лицата кои се наоѓале во центарот било побарано да легнат на земја, а потоа биле застрелани.

Тој воедно додаде дека засега не е дојдено до одредени докази во однос на тоа од чија страна е извршен вооружениот напад.



Слични вести