Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за 90 дневен глобален хуманитарен прекин на огнот

Во усвоената резолуција се чувствува длабока загриженост од разорните влијанија на пандемијата на Ковид-19 особено во областите на кофликти и војна

1447291
Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за 90 дневен глобален хуманитарен прекин на огнот

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) усвои резолуција во која се бара во рамките на борбата против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) да се прогласи 90 дневен глобален хуманитарен прекин на огнот.

По упатениот повик од страна на генералниот секретар на Обединетите наци (ОН) Антонио Гутерес на 23 март за глобален прекин на огнот и тромесечените преговори е поставено на гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) нацрт резолуцијата „Ковид-19“ подготвена од страна на Франција и Тунис

Поради пандемијата не можеше да се гласа директно во Советот за безбедност, туку им беше дадено рок на земјите членки за доставување на својата одлука со што резолуцијата беше едногласно усвоена во Советот составен од 15 земји членки.

Во усвоената резолуција се чувствува длабока загриженост од разорните влијанија на пандемијата на Ковид-19 особено во областите на кофликти и војна.

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) во резолуцијата бара веднаш да се постигне 90 дневен глобален хуманитарен прекин на огнот, а со цел безбедно доставување на хуманитарната помош и непракинато одвивање на хуманитарните активности безбило какви попречувања.

Прогласениот глобален хуманитарен прекин на огнот не се однесува на терористичките организации ДЕАШ, Ал Каеда и Ал Нусра, како и поединци и групи поврзани со нив.



Слични вести