Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1447236
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка
super covid19 6.jpg
super covid19 hijyen3.jpg
super covid19 hijyen.jpg
super covid-19 hindistan.jpg
moskova covid.jpg
kuzey afrika koronavirus.jpg
afrika koronavirus.jpg
korona afrika.jpg
Afrika'da Korona.jpg
afrika.jpg
koronavirüs afrika.jpg
super covid 19 guney afrika
kovid doğu.jpg
korna arap ülkeleri.jpg
korona arap ülkeleri.jpg
arap ulkeleri koronavirus.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 520 илјади 136 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 10 милиони 857 илјади, а досега оздравеа повеќе од 6 милиони 76 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Палестинската управа соопшти дека поради порастот во бројот на случаите на коронавирусот во градовите на окупираниот Западен Брег ќе се применува 5 дневен општ карантин. Палестинското министерство за здравство исто така соопшти дека како последно на окупираните територии, вклучувајќи го и Источен Ерусалим (Кудс) се регистрирани 11 смртни случаи, додека бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 3.095 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои источни земји, арапски и азиски земји е вака:

Индија 17.848, Иран 10.958, Русија 9.536, Кина 4.634, Пакистан 4.473, Индонезија 2.934, Бангладеш 1.888, Саудиска Арабија 1.698, Филипините 1.270, Украина 1.173, Јапонија 974, Авганистан 774, Кувајт 358, Ерменија 453, Израел 322, Обединетите Арапски Емирати 316, Јемен 318, Јужна Кореја 282, Азербејџан 220, Казахстан 188, Оман 185, Катар 115, Таџикистан 52, Киргистан 66, Узбекистан 26, Грузија 15.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на 10.443, на случаите на зараза достигна до 421.382 лица, досега оздравеа вкупно 200.995, а бројот на активни случаи на континентот изнесува 209.944.

Најголем број човечки загуби од коронавирусот (Ковид-19) во Африка досега има во Египет кадешто починаа 3.034 лица, а потоа следуваат Јужноафриканската Република со 2.749, Алжир 920, Нигерија 603, Судан 602, Камерун 313, Мароко 228, Демократска Република Конго 175, Кенија 149, Мавританија 129, Гана 117, Мали 116, Етиопија 103, Сомалија 90 починати.

Најголем број случаи на зараза пак, на континентот Африка има во Јужноафриканската Република со 159.333, а потоа следуваат Египет со 69.814, Нигерија 26.484, Гана 18.134, Алжир 14.272, Мароко 12.636, Камерун 12.592, Судан 9.573, Демократска Република Конго 7.122, Сенегал 6.925, Кенија 6.673, Етиопија 5.846 случаи на зараза.

Од друга страна, во африканските земји како што се СејшелитеЕритрејаУгандаНамибија и Лесото досега нема регистрирани смртни случаи.

 



Слични вести