Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 130 илјади 870 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува повеќе од 2 милиони 784 илјади инфектирани лица

1447233
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super covid19 8.jpg
super covid19 9.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 hijyen2.jpg
super foto kanada korona.jpg
super covid19 abd
Covid Süper.jpg
süper covid19.jpg
KORONA SÜPER
SÜPER FOTO ispanya koronavirüs.jpg
SÜPER FOTO ispanya madrid
abd virüs süper.jpg
SÜPER FOTO ispanya koronavirüs.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 520 илјади 136 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 10 милиони 857 илјади, а досега оздравеа повеќе од 6 милиони 76 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 130 илјади 870 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 2 милиони 784 илјади инфектирани лица. Во меѓувреме, во подготвениот извештај од страна на компанијата за истражувања „PEW“ со седиште во САД, се истакнува дека поради пандемијата тројца од секои 10 возрасни Азијци се подложени на дискриминација. Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека американската економија која поради пандемијата на Ковид-19 доживува тешки денови, реализира брзо и силно враќање назад.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 со раст за уште 100 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 60.813, а на случаите на зараза со регистрирани 3.600 новозаразени се искачи на 1 милион 456 илјада 969 лица.  

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 43.906, а бројот на случаите на зараза се искачи на 313.483 лица. Велика Британија е на прво место во Европа по бројот на смртните случаи, а на трето место во светот после САД и Бразил.

Во Италија, во последниот ден од епидемијата починаа 21 лице и вкупниот број на смртните случаи од епидемијата се зголемина 34.788 лица. Бројот на активни случаи во земјата со пад од 308 лица се намали на 15.255 заболени пациенти. Во изминатите 24 часа се регистрирани 182 новозаразени со што вкупниот број на случаите на зараза од коронавирусот во Италија досега изнесува 240.760 лица.

Во Франција, со смртта на 18 лица во изминатите 24 часа, вкупниот број на починатите од епидемијата се зголеми на 29.861, додека со регистрирање на уште 918 инфектирани бројот на случаите на зараза се искачи на 202.070 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи од коронавирусот со раст за уште 741 во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 28.510, а бројот на случаите на зараза со раст од 5.681 лице достигна до 231.770 лица.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека од епидемијата на Ковид-19 во последната една недела животот го загубија 19 лица, со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 28.363. Министерството, воедно информира дека во изминатите 24 часа со регистрирање на уште 149 новозаразени вкупниот број на случаите на зараза во земјата се искачи на 296.739 лица. 

Во Белгија, кадешто починаа 9.761, а се инфектирани 61.598 лица, министерот за надворешни работи Филип Гофин истакна дека и покрај тоа што Европската унија (ЕУ) предложи почнувајќи од 1 јули да бидат укинати ограничувањата за патување за 14 земји, границите на земјата ќе останат затворени до 7 јули.

Во Канада, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми за 88 во изминатите 24 часа и достигна до вкупно 8.663, а на случаите на зараза со раст од 1.219 се искачи на 106.084. Од друга страна, во земјата која ја слави 153. годишнина од своето формирање, поради пандемијата на Ковид-19 за прв пат не беа одржани колективни манифестации.

Во Португалија, во изминатите 24 часа од коронавирусот (Ковид-19) починаа 8 лица, со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 1.587, додека со регистрирање на уште 328 новозаразени  бројот на инфектираните се искачи на 42.782 лица.

Во Австралија, кадешто починаа 104, а се заразени 8.001 лице, откако продолжи растот во бројот на случаите на Ковид-19 во градот Мелбурн во квартовите кадешто се регистрирани поголем број случаи почна да се применува забрана за излегување на улица (движење) со исклучок на оправдани причини, во текот на приближно еден месец.

Во Нов Зеланд, од епидемијата на Ковид-19 животот го загубија 22 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 1.530. Министерот за здравство Дејвид Кларк, по реакциите коишто пристигнаа поради тоа дека прекршил некои од преземените мерки против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и не презел одговорност во недостатоците, поднесе оставка од министерската функција.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 9.860, Германија 9.061, Холандија 6.113, Чиле 5.753, Шведска 5.370, Еквадор 4.576, Колумбија 3.470, Швајцарија 1.965, Ирска 1.738, Романија 1.687, Полска 1.492, Аргентина 1.363.

 



Слични вести