Генералниот секретар на ОН Гутерес разговараше телефонски со либискиот премиер Фајез ал-Сараџ

Портпаролството на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) соопшти дека генералниот секретар Антонио Гутерес водеше телефонски разговор со либискиот премиер Фајез ал-Сараџ

1447280
Генералниот секретар на ОН Гутерес разговараше телефонски со либискиот премиер Фајез ал-Сараџ

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес оствари телефонски разговор со премиерот на Либија Фајез ал-Сараџ.

Во објавеното соопштение од Портпаролството на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) се истакнува дека либискиот премиер Сараџ во телефонскиот разговор го доставил своето ветување за политичко решение коешто ќе се потпира на разговорите на заедничката воена комисија составена од 5 членови на владата и 5 мина членови на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата, како и на одржувањето на избори во земјата.

Во соопштението се вели дека освен тоа генералниот секретар Антонио Гутерес и либискиот премиер Фајез ал-Сараџ разговарале и за прашањето за повторно отворање на затворените нафтени лежишта во земјата при што Гутерес го доставил својата вознемиреност од пронајдените масовни гробници во Либија, а воедно го информирал Сараџ дека Обединетите нации (ОН) се спремни да помогнат во пронаоѓањето на одговорните и во борбата против епидемијата на Ковид-19 во Либија.

Во меѓувреме, портпаролот на генералниот секретар на Обединетите Нации Стефан Дујарич на одржаниот дневен брифинг за печатот истакна дека генералниот секретар Антонио Гутерес остварил телефонски разговор и со Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија.



Слични вести