За 6 месеци во 2020 година во Сирија се убиени 1.006 цивили

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека за 6 месеци оваа (2020) година Сирија се убиени вкупно 1.006 цивили од кои половината во нападите на режимот на Бешар Асад и Русија, а од кои 218 се деца и 113 жени

1447185
За 6 месеци во 2020 година во Сирија се убиени 1.006 цивили

Во последните 6 месеци (јануари-јуни 2020 година) во Сирија се убиени повеќе од илјада цивили.

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) која ги документира прекршувањата на правата на цивилите, во објавениот извештај во врска со цивилните загуби соопшти дека за 6 месеци оваа (2020) година Сирија се убиени вкупно 1.006 цивили од кои половината во нападите на режимот на Бешар Асад и Русија, а од кои 218 се деца и 113 жени.

Според извештајот, режимските сили составени од армијата на режимот на Бешар Асад и странските терористички групи поддржани од Иран, убија 298 цивили од кои 64 деца и 24 жени.

Во нападите  на руските сили животот го загубија 205 цивили од кои 62 деца и 48 жени, додека сепаратистичко-терористичката организцаија ЈПГ/ПКК измасакрира 34 цивили од кои 8 деца и 1 жена.

Во реализираните напади од страна на терористичката организација ДЕАШ загинаа 7 цивили од кои едно дете, додека воените опозиционери и антирежимските вооружени групи станаа причина за смртта на 26 цивили од кои 2 деца и 2 жени.

Од друга страна пак, во наведениот период од 6 месеци беа убиени вкупно 436 цивили од кои 81 дете и 38 жени.

Тројца од убиените во период од 6 месеци од оваа (2020) година во Сирија се медиумски работници, а 12 мина здравствени работници и волонтери за Цивилна одбрана (Белите Беретки).

Освен тоа, во овој период животот го загубија со измачување 71 лице од кои 63 од страна на режимот.

 



Слични вести