Предлогот на Алијев за одржување специјална седница на ОН поддржан од над 130 земји

Не е доволна глобалната солидарност во борбата против Ковид-19, бидејќи разликите во погледите меѓу земјите предизвикува пречка во заедничката борба против Ковид-19

1446570
Предлогот на Алијев за одржување специјална седница на ОН поддржан од над 130 земји

Предлогот на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев за одржување посебна седница на СБ на ОН која ќе биде посветена на глобалната борба против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) беше прифатен од страна на над 130 земји во светот.

Претседателот на Управата за надворешно-политички прашања на претседателството на Азербејџан Хикмет Хаџијев рече дека предлогот на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев за одржување посебна седница на СБ на ОН која ќе биде посветена на глобалната борба против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) беше прифатен од страна на над 130 земји во светот.

Не е доволна глобалната солидарност во борбата против Ковид-19, бидејќи разликите во погледите меѓу земјите предизвикува пречка во заедничката борба против Ковид-19, рече Хаџијев и додаде:

„Претседателот Алијев оваа иницијатива ја предложи со цел да се зајакне меѓусебната солидарност. Се надеваме дека состанокот ќе може да се организира во најкраток временски период. Светот што поскоро треба да започне со силна соработка.“



Слични вести