Германија денес го презеде претседателствувањето со ЕУ

Меркел: „Очекувањата на Германија од овој период на привремено претседателствување се големи“

1446695
Германија денес го презеде претседателствувањето со ЕУ

Германија денес согласно вообичаената ротација го презеде претседателствувањето со ЕУ од Хрватска за наредните 6 месеци.

Германија во рамките на претседателствувањето со кое ќе раководи под геслото „Заедно повторно зајакнување на Европа“ до 31 декември, посебно внимание ќе посвети на борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), здравствените, економски и социјални активности.

Во официјаната програма на германската влада се истакнува дека ќе работат со полна пареа за силно излегување од кризата со Ковид-19, додека во врска со иднината на ЕУ се предвидува да се определи буџетот на ЕУ за периодот од 2021 до 2027, заштитата на климата, дигитализацијата, владеењето на правото и улогата на Европа во светот како и преговорите за отцепувањето на Британија од унијата.

Во периодот на претседателствувањето на Германија со ЕУ се предвидува да се одржат Самит ЕУ-Африка и Самит ЕУ-Кина.

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека очекувањата на Германија од овој период на привремено претседателствување се големи потенцирајќи дека од кризата сакаме да излеземе посилни и со подготување на иднината на ЕВропа, сакаме да ги исполниме овие очекувања.

По завршувањето на привременото претседателствување на Германија со Советот на ЕУ, на 1 јануари 2021 година функцијата привремен претседавач ќе ја преземе Португалија.



Слични вести