Благодарност од Канада на Турција

Канада е одлучна во продолжувањето на напорите за одржување средби со меѓународната заедница и Сиријците за изнаоѓање мирољубиво политичко решение кое ќе ги оконча судирите

1446556
Благодарност од Канада на Турција

Канада изрази благодарност на Турција за отворањето на границите за бегалците кои беа изложени на хуманитарна криза во Сирија.

Министерката за меѓународен развој на Канада Карина Гоулд во писменото соопштение истакна дека кризата во Сирија продолжува неповолно да се одразува врз животите на Сиријците и милиони луѓе во соседните земји.

Канада официјално им се заблагодарува на Турција, Либан, Јордан, Ирак и Египет за широкоградата поддршка во однос на голем број Сиријци кои ги прифатија. Канада е одлучна во продолжувањето на напорите за одржување средби со меѓународната заедница и Сиријците за изнаоѓање мирољубиво политичко решение кое ќе ги оконча судирите, рече министерката Гоулд.



Слични вести