Уште една критика до Макрон во врска со неговиот став против Турција по прашањето со Либија

Новинарот на британскиот весник „Индепендент“ Борзоу Дарагахи напиша напис во која вели дека француските функционери, за одбрана на своите политики во Либија ја обвинуваат Турција и со тоа запаѓаат во комична состојба

1445821
Уште една критика до Макрон во врска со неговиот став против Турција по прашањето со Либија

Во британскиот весник „Индепендент“ (The Independent) е објавен текст под наслов „Поддршката на Франција на Хафтар (Халифа, водачот на нелегитимните сили во источниот дел на Либија) во Либија на крај почна да се соочува со лоши резултати“.

Во текстот чиј автор е Борзоу Дарагахи, се истакнува дека по големиот пораз што го претрпе Хафтар во западниот дел на Либија, кој инаку со години е поддржуван од страна на Франција како земја која има сериозна улога во неговото напредување, ветрот се сврте наопаку.

Во написот се нагласува дека Франција со доверба во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) инвестираше во Хафтар, по неговиот пораз сега остана сама, а исто така не можеше да ја види и користа од својата политичка и дипломатска инвестиција.

Авторот на текстот се осврнува и на неоснованите обвинувања коишто се изнесуваат од страна на францускиот претседател Емануел Макрон против Турција и го вели следното: „Француските функционери, за одбрана на своите политики во Либија ја обвинуваат Турција и со тоа запаѓаат во комична состојба.“

Во текстот воедно му се одделува место и на коментарот на еден експерт и советник за Либија кој ја изнесува следната констатација: „Франција веќе толку долго време го поддржува Хафтар што, сега не знае како ќе отстапи од тоа. Наместо да ги увиде своите грешки и е полесно поради сите проблеми да ја обвинува Турција.“

 



Слични вести