Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1445802
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка
super covid19 4.jpg
Super Irak.jpg
super covid19 hijyen.jpg
super covid 19 guney afrika
koronavirus hindistan super manset.jpg
moskova covid.jpg
kuzey afrika koronavirus.jpg
afrika koronavirus.jpg
afrika.jpg
Afrika'da Korona.jpg
koronavirüs afrika.jpg
kovid arap.jpg
arap ulkeleri koronavirus.jpg
korona arap ülkeleri.jpg
arap korona.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 508 илјади лица, на случаите на зараза се зголеми на над 10 милиони 412 илјади, а досега оздравеа повеќе од 5 милиони 668 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Ирак, досега од Ковид-19 починаа 1.839, додека бројот на случаите на зараза се зголеми на 47.151 лице. 

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои источни земји, арапски и азиски земји е вака:

Индија 16.904, Иран 10.670, Русија, 9.166, Кина 4.634, Пакистан 4.167, Индонезија 2.805, Бангладеш 1.783, Саудиска Арабија 1.599, Филипините 1.255, Украина 1.147, Јапонија 972, Авганистан 733, Кувајт 350, Ерменија 433, Израел 319, Обединетите Арапски Емирати 314, Јемен 304, Јужна Кореја 282, Азербејџан 206, Оман 169, Казахстан 188, Катар 113, Таџикистан 52, Киргистан 57, Узбекистан 23, Грузија 15.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на 9.914, на случаите на зараза достигна до 396.314 лица, досега оздравеа вкупно 189.722, а бројот на активни случаи на континентот изнесува 196.678.

Најголем број човечки загуби од коронавирусот (Ковид-19) во Африка досега има во Египет кадешто починаа 2.872 лица, а потоа следуваат Јужноафриканската Република со 2.529, Алжир 905, Нигерија 573, Камерун 313, Мароко 225, Демократска Република Конго 167, Кенија 144, Мавританија 128, Мали 115, Гана 112, Етиопија 103, Сомалија 90 починати.

Најголем број случаи на зараза пак, на континентот Африка има во Јужноафриканската Република со 144.264, а потоа следуваат Египет со 66.754, Нигерија 25.133, Гана 17.351, Алжир 13.571, Камерун 12.592, Мароко 12.290, Судан 9.257, Демократска Република Конго 6.939, Кенија 6.190, Етиопија 5.845 случаи на зараза.

Од друга страна, во африканските земји како што се СејшелитеЕритрејаУгандаНамибија и Лесото досега нема регистрирани смртни случаи.

Во Сенегал, кадешто бројот на смртните случаи изнесува 108, а на случаите на зараза 6.698 лица, претседателот Маки Сал истакна дека процентот на оздравување во земјата е околу 64 отсто и дека од 1 јули во среда (утре) ќе бидат укинати итната состојба и забраната за излегување на улица во земјата, а од 15 јули ќе бидат започнати летовите со целиот свет. Сал рече дека исто така ќе продолжи да се примената за затворање еден ден во неделата на маркетите и пазарите за хигиена и чистење.

 



Слични вести