Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 128 илјади 783 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 2 милиони 681 илјади 811 инфектирани лица

1445747
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super covid19 8.jpg
super covid19 9.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 abd
super covid19
super covid19 2.jpg
super covid19 hijyen2.jpg
super foto kanada korona.jpg
super ispanya covid-19
korona abd.jpg
ispanya koronavirus.jpg
süper covid19.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 508 илјади лица, на случаите на зараза се зголеми на над 10 милиони 412 илјади, а досега оздравеа повеќе од 5 милиони 668 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 128 илјади 783 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 2 милиони 681 илјади 811 инфектирани лица.

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 43.575, а бројот на случаите на зараза се искачи на 311.965 лица. Велика Британија е на прво место во Европа по бројот на смртните случаи, а на трето место во светот после САД и Бразил.

Во Италија, во последниот ден од епидемијата починаа 6 лица што претставува најмал број на регистрирани смртни случаи од 29 февруари досега и вкупниот број на човечките загуби се зголеми на вкупно 34.744 лица. Бројот на активни случаи во земјата со пад од 185 лица се намали на 16.496 заболени пациенти. Во изминатите 24 часа се регистрирани 174 новозаразени со што вкупниот број на случаите на зараза од коронавирусот во Италија досега изнесува 240.436 лица. Во областа Ломбардија, епицентарот на епидемијата во Италија, поради продолжување на ширењето на вирусот е донесена одлука за задолжително носење на маска и на отворени места до 14 јули.

Во Франција, со смртта на 35 лица во изминатите 3 дена, вкупниот број на починатите се зголеми на 29.813. Во изминатите 24 часа се регистрирани уште 280 инфектирани со што вкупниот број на случаите на зараза се искачи на 200.611 лица. Во Француска Гвајана пак, на прекуокеанските територии на Франција, се истакнува дека развојот на ситуацијата поради епидемијата загрижува.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека од епидемијата на Ковид-19 во последната една недела животот го загубија 3 лица, со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 28.346. Министерството, воедно информира дека во изминатите 24 часа со регистрирани 84 новозаразени вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 296.050 лица. Во Астуриас пак, во северниот дел на Шпанија кадешто досега животот го загубија 334 лица, внимание привлече тоа што 17 дена како не се регистрирани нови случаи на зараза. 

Во Португалија, во изминатите 24 часа од коронавирусот (Ковид-19) починаа 4 лица, со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 1.568. Во земјата се регистрирани 266 новозаразени, со што бројот на инфектираните се искачи на 41.912 лица.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 58.314, а на случаите на зараза на 1 милион 368 илјада 195 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи од коронавирусот се зголеми на 26.648, а бројот на случаите на зараза достигна до 216.852 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака:

Белгија 9.732, Германија 9.041, Канада 8.566, Перу 9.504, Холандија 6.107, Шведска 5.310, Чиле 5.575, Еквадор 4.502, Колумбија 3.106, Аргентина 1.245.

Раст во бројот на смртните случаи и новите случаи на зараза во Балканските земји

Во меѓувреме во Балканските земји, со доживеаниот пораст во дневниот број на случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) укинатите превентивни мерки во некои земји се воведени повторно.

Во Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 132 нови случаи на новиот тип коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на дијагностицирани случаи на зараза се искачи на 6.209 лица од кои во моментов се активни 3.484 случаи. Министерството за здравство информира дека починаа уште 12 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се искачи на 298. Освен тоа во изминатите 24 часа оздравеа 112 пациенти со што вкупниот број на оздравените пациенти од почетокот на епидемијата во Северна Македонија се зголеми на 2.427 лица.

Во Србија, со смртта на уште 4 лица во изминатите 24 часа, вкупниот број на човечките загуби се зголеми на 274. Во земјата се регистрирани уште 242 новозаразени, со што бројот на случаите на зараза се искачи на 1.433 лица. Во главниот град Белград е донесена одлука за задолжително носење маска во сите затворени места, додека во градот Врање е прогласена вонредна состојба.

Во Словенија, кадешто досега починаа 111 лица, бројот на случаите на зараза со раст за уште 4 лица се зголеми на 1.585.

Во Хрватска, е соопштено дека смртните случаи од епидемијата изнесува 107 лица, додека бројот на случаите на зараза со раст за уште 34 новозаразени се зголеми на 2.725 лица.

Во Црна Гора, од Ковид-19 животот го загубија 9 лица, додека епидемијата за којашто минатата недела беше соопштено дека заврши, се појави повторно и со регистрирани 17 новозаразени бројот на случаите на зараза во земјата се доближи до 500.

Во Босна и Херцеговина, бројот на смртните случаи од епидемијата се зголеми за уште едно лице, а се регистрирани 128 нови случаи на зараза. Бројот на инфектираните достигна до 4 илјади лица.

Во меѓувреме, претседателот на Исламската верска заедница на Босна и Херцеговина Хусеин Кавазовиќ ги повика надлежните институции да и помогнат на областа Санџак во која во мнозинство живее муслиманско население, во Србија, и кадешто се забележува интензивен раст во бројот на новите случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести