Предупредување од СЗО во врска со Ковид-19: Најлошото допрва доаѓа, пандемијата се забрзува

Претседателот на Светската здравствена организација (СЗО) д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, во врска со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) го достави следното предупредување до светот: „Најлошото допрва доаѓа, пандемијата се забрзува.“

1445756

Гебрејесус на одржаниот брифинг за печатот преку видео конфреенција во седиштето на Светската здравствена организација (СЗО) во швајцарскиот град Женева подвлече дека голем број земји преземаат досега невидени слични превентивни мерки во име на спречување на ширењето на коронавирусот и за спасување на животи.

Порака на Гебрејесус беше „тестирање, следење и откривање на контактите, изолација и карантин“.

„Овие мерки беа успешни во забавувањето на ширењето на вирусот. Меѓутоа, сето тоа не го сопре целосно. Некои земји поради тоа што почнаа повторно да ги отвораат своите економии и општества повторно се соочуваат со појава на случаи на зараза. Се уште има доста широк простор за ширење на вирусот. Сите ние сакаме ова да заврши. Сите сакаме да продолжиме со нашите животи. Но, реалноста е дека пандемијата не е ниту близу до крајот.“ - порача Гебрејесус.

Велејќи дека „Иако многу земји постигнаа одреден напредок, пандемијата во глобала всушност забрзува“, Гебрејесус нагласи дека светот со пандемијата изгуби многу нешта, но дека не треба да се изгуби надежта.

Слични вести