Меркел: Се доживуваат досега невидени економски тешкотии

Германската канцеларка Ангела Меркел на одржаната заедничка прес конференција со со францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека поврзано и со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се доживуваат досега невидени економски тешкотии

1445837
Меркел: Се доживуваат досега невидени економски тешкотии

Германската канцеларка Ангела Меркел се состана со францускиот претседател Емануел Макрон во замокот Месеберг во близина на Берлин со кого потоа одржаа и заедничка прес конференција.

Меркел истакна дека поврзано и со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се доживуваат досега невидени економски тешкотии.

„Од една страна самата пандемија, а од друга страна поврзано со тоа доживуваме економски тешкотии со коишто можеби претходно не сме се соочиле со децении и можеби никогаш досега.“ - рече Меркел.

Потсетувајќи дека Германија и Франција предложија фонд за спасување за земјите на Европската унија (ЕУ), со цел заеднички да се пребродат економските тешкотии, германската канцеларка Ангела Меркел го додаде следното: „Со тоа рековме 'Европа е нашата иднина'. Сите доаѓаме од различни земји, меѓутоа заедно би можеле да станеме посилни. Би можеле да одиграме улога во светот во однос на тешки прашања како што се дигитализацијата, климата, војната и мирот.“



Слични вести