ЕУ на 1 јули ќе ги укине ограничувањата за патување за 14 земји

Европската унија (ЕУ) почнувајќи од 1 јули (во среда) ќе ги укине ограничувањата за патување за 14 земји и тоа Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Црна Гора, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај

1446358
ЕУ на 1 јули ќе ги укине ограничувањата за патување за 14 земји

Европската унија (ЕУ) која поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) во март ги затвори своите граници почнувајќи од 1 јули (во среда) ќе ги укине ограничувањата за патување за 14 земји.

Советот на Европската унија соопшти дека е донесена одлука со препорака во правец на измена во ограничувањата за патување коишто се применуваат за граѓаните на трети земји кои патуваат во Шенген зоната.

Според тоа, надворешните граници на Европската унија (ЕУ) коишто во рамките на преземените превентивни мерки поради глобалната епидемија беа затворени во месец март, почнувајќи од 1 јули (во среда) ќе бидат отворени за граѓаните на 14 земји кои располагаат со податоци за Ковид-19 блиски со земјите на Европската унија (ЕУ). На листата се најдоа земји како Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Црна Гора, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

За Кина пак, согласно реципроцитетот нема да се применуваат ограничувања за патување доколку бидат дозволени патувањата за граѓаните на Европската унија (ЕУ) во оваа земја.

Кон земји како што се Турција, Соединетите Американски Држави (САД), Русија, Бразил и Индија пак, ќе продолжат да се применуваат порганичувањата за патување.

Листата за која станува збор ќе се ревидира на секои две недели согласно состојбата и бројот на случаите со Ковид-19 во земјите.

Инаку, Европската унија (ЕУ) за спречување на ширењето на глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во месец март освен за своите 27 земји членки воведе ограничувања за патувањата се додека тоа е неопходно и итно и за Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија кои се дел од Шенген зоната.

Ограничувањата за коишто станува збор не се однесуваат на граѓаните на Велика Британија која и покрај тоа што се оддели од Европската унија (ЕУ) се уште е во процес на транзиција.

Оваа одлука којашто не е обврзувачка за земјите членки на Европската унија (ЕУ), е во својство на препорака.

 



Слични вести