Борел: Извршените масовни злосторства во Сирија не треба да останат неказнети

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел рече: „Европа не може и нема да му го сврти грбот на сирискиот народ. Извршените масовни злосторства во Сирија не треба да останат неказнети.“

1446115
Борел: Извршените масовни злосторства во Сирија не треба да останат неказнети

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, сподели видео пред состанокот на 4. Бриселска конференција на ниво на министри под наслов „Конференција за поддршка на иднината на Сирија и регионот“, во заедничка организација на Европската унија (ЕУ) и Обединетите нации (ОН).

Борел во ова свое видео истакна дека извршените масовни злосторства во Сирија не треба да останат неказнети.

Укажувајќи на тоа дека е влезено во десетата година од војната во Сирија, Борел привлече внимание дека војната предизвика големи болки и дека сирискиот народ се уште живее во страв.

„Европа не може и нема да му го сврти грбот на сирискиот народ. Извршените масовни злосторства во Сирија не треба да останат неказнети.“ - рече Борел.

Тој подвлече дека Сирија е сосед на Европската унија (ЕУ) и дека нејзината стабилност е значајна, а воедно соопшти дека ќе продолжи поддршката на Европската унија (ЕУ) ѝ на Сирија и на соседните земји кои се домаќини на бегалците. 

Жозеп Борел рече: „Земјите како Турција, Јордан и Либан ги отворија своите врати за голем број бегалци и покажаа извонредна солидарност.“

Велејќи дека вропската унија (ЕУ) и земјите членки и доставуваат најголема хуманитарна помош на Сирија, Борел го подвлече следното: „Меѓутоа, тоа не е доволно. Треба да направиме уште повеќе за излекување на болките на сирискиот народ. Треба да се фокусираме на политичкото решение.“ 

 



Слични вести