Во ракетен и бомбашки напад на пазар во Авганистан загинаа 23 цивили, а 15 мина се ранети

Губернијата на Хелманд соопшти дека на пазарот „Кухне Базар“ во населеното место Сангин најпрвин паднаа 4 гранати од ракети, а потоа меѓу големиот број луѓе на пазарот беше извршен напад со возило натоварено со бомби

1445503
Во ракетен и бомбашки напад на пазар во Авганистан загинаа 23 цивили, а 15 мина се ранети

Во реализиран ракетен и бомбашки напад на еден пазар во Авганистан загинаа 23 цивили, а 15 мина се ранети.

Губернијата на Хелманд соопшти дека на пазарот „Кухне Базар“ во населеното место Сангин најпрвин паднаа 4 гранати од ракети, а потоа меѓу големиот број луѓе на пазарот беше извршен напад со возило натоварено со бомби.

Во соопштението се истакнува дека според првични информации во нападите загинаа 23 цивили, додека 15 мина се ранети.

Во истото соопштение се наведува дека нападите се реализирани од страна на Талибан.

Од друга страна пак, засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.

Инаку, повеќето од областите во населеното место Сангин во провинцијата Хелманд се наоѓаат под контрола на Талибан.



Слични вести