Во несреќа со траект во Бангладеш загинаа најмалку 28 лица

Како што се истакнува за време на несреќата на траектот се наоѓале околу 100 патници

1445308
Во несреќа со траект во Бангладеш загинаа најмалку 28 лица

Во несреќа со траект во Бангладеш животот го загубија најмалку 28 лица, а има и голем број исчезнати и повредени.

Како што се истакнува продолжуваат активностите за пребарување и спасување по несреќата којашто се случи во реката Буриганга во близина на главниот град Дака.

Розина Ислам, од Противпожарната служба за контрола, истакна дека траектот се судрил со еден друг брод по што се превртел и потонал.

Локалните медиуми соопштуваат дека за време на несреќата на траектот се наоѓале околу 100 патници.



Слични вести