Расте билансот на Ковид-19 во светот

Бројот на инфектираните пациенти од Ковид-19 во САД се зголеми на 2 637 077

1445411
Расте билансот на Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 504 754, на заразените над 10 267 000, а на оздравените над 5 568 000.

Министерот за здравство на САД, Алекс Азар, земјата која брои најголем број смртни случаи од Ковид-19 и тоа над 128 437 и која важи за седиште на епидемијата на Ковид-19 во светот, рече дека во последните денови повторно почна да расте стапката на инфектирани и дијагностицирани од Ковид-19. Особено интензивно расте стапката на инфектирани во јужните и западните сојузни држави, рече Азар потенцирајќи дека состојбата во земјата во споредба со онаа од пред неколку месеци кога пандемијата го достигна својот врв е многу поразлична. Иако продолжуваат ативностите за откривање на вакцината и лекувањето, се затвора ерата на напорите за намалување на ширењето на епидемијата. Бројот на инфектираните пациенти од Ковид-19 во САД се зголеми на 2 637 077. Во период кога граѓаните се изложени на економски тешкотии поради епидемијата, богатите уште повеќе го зголемуваат своето богатство. Според официјалните податоци на земјата, од почетокот на епидемијата околу 45 милиони американски граѓани се обратија До агенцијата за вработување. Во податоците кои беа објавени од страна на Институтот за политички активности Форбс со седиште во Вашингтон, во периодот од 18 март до 17 јуни, 614 милијардери заработија 584 милијарди долари.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Јужноамериканските земји изнесува 57 658.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија изнесува 43 559, додека бројот на заразените изнесува 311 151.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за уште 22 и изнесува 34 738, додека бројот на активните инфекирани се намали за 155 и изнесува 16 618. ВО последните 24 часа беа регистрирани 174 инфектирани.

Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека бројот на смртните случаи во последните седум дена изнесува 13. Вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 28 343. Бројот на новоинфектираните во последните 24 часа се зголеми за уште 248 така што вкупниот број на заразени изнесува 248 770. Претседателот на автономната област мадрид Изабел Диаз Ајусо рече дека првпат по неколку месеци во Мадрид, кадешто беа регистрирани најголем број на смртни случаи и заразени, во последните 24 часа нема смртен случај предизвикан од Ковид-19.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Португалија се зголеми за уште 3 и изнесува 564, додека бројот на новите случаи се зголеми за уште 457 и изнесува 41 646.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Австралија изнесува 104 лица. Во период кога продолжуваат активностите за олеснување на забраните и мерките за спречување на ширењето на епидемијата, само во последниот ден во државата Викторија беа регистрирани 75 новоинфектирани, додека во земјата беа регистрирани 85. Премиерот на Викторија Даниел Ендрјус во изјавата за печатот рече дека околу 30 отсто од граѓаните кои се вратија од странство и кои беа ставени во карантин во различни хотели, одбиле да се тестираат на Ковид-19, поради што 14 дневниот карантин ќе се продолжи уште за 10 дена.



Слични вести