Протести во Брисел против планот за анексија на Западниот брег и Долината Јордан од страна на Израел

Демонстрантите во рацете носеа и транспаренти на кои пишуваше „Да живее Палестина“, „Не против анексијата на палестинските територии“, „Израел колнизира, Палестина страда“ и „Издржи Палестина“

1444980
Протести во Брисел против планот за анексија на Западниот брег и Долината Јордан од страна на Израел

Во Брисел се одржаа протести против планот за анексија на Израел на окупираните териториите на Западниот брег во кои се наоѓаат нелегитимните еврејски населби и Долината Јордан.

Стотици демонстранти коишто на повик на голем број организации се собраа на плотадот Трон во близината на Амбасадата на САД во Брисел извикуваа слогани против Израел.

Демонстрантите кои во рацете носеа и транспаренти на кои пишуваше „Да живее Палестина“, „Не против анексијата на палестинските територии“, „Израел колнизира, Палестина страда“ и „Издржи Палестина“ од меѓународната заедница бараа да се спроведат санкции врз Израел. Полицијата презеде засилени безбедносни мерки на протестот на кој беа носени палестински знамиња.

Во наводниот Блискоисточен мировен план кој на 28 јануари беше објавен на заедничката прес конференција од страна на американскиот претседаел Доналд Трамп и израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху, се наоѓаат точките како што се прифаќање на нелегалните еврејски населени места во окупираните територии на Западниот Брег како Израелски територии и продолжување на хегемонијата на управата на Тел Авив над Долината Јордан која припаѓа на Палестина.



Слични вести