Пакистан собори беспилотно летало на Индија

Тоа е 9-то беспилотно летало кое пакистанските сили го соборија во текот на оваа година

1444981
Пакистан собори беспилотно летало на Индија

Пакистанската војска собори едно беспилотно летало на Индија кое ја прекрши контролната линија (LoC) меѓу двете земји.

Портпаролот на пакистанската војска генерал-мајорот Бабар Ифтикхар во објавата преку профилот на твитер истакна дека индиското беспилотно летало ја прекшрила контролната линија на Пакистан во длабочина од 850 метри.

Ифтикхар меѓудругото рече дека беспилотното летало на Индија беше соборено  од страна на воените сили потенцирајќи дека тоа е 9-то беспилотно летало кое пакистанските сили го соборија во текот на оваа година.



Слични вести