Либија: „Војуваме против платениците“

Поддржувачите на пучистите и бунтовниците во Либија, по поразот на нивниот локален претставник (Хафтар), ги извадија маските и стапија на сила со разбојништво и уништување

1444983
Либија: „Војуваме против платениците“

Либиската војска соопшти дека по неуспехот на вооружените сили на Халифа Хафтар во источните предели на земјата за преземање на контролата над власта, сега војуваат со платениците на сојузничките меѓународни и регионални сили.

Портпаролот на армијата на Либија полковникот Мухамед Кунуну во објавата преку профилот на твитер истакна дека поддржувачите на пучистите и бунтовниците во Либија, по поразот на нивниот локален претставник (Хафтар), ги извадија маските и стапија на сила со разбојништво и уништување.

Сега веќе не војуваме со локалните пучистички милцајци. Денес во Либија војуваме против платениците поддржани од страна на меѓународните и регионални сили. Што се однесува до нивните колабриционисти, тој веќе не е во состојба да направи нешто.

Портпаролот Кануну во продолжение истакна дека платениците го окупираа градот Сирте и им се закануваат на другите градови, но не треба да заборават дека нивниот крај ќе биде смрт, затвор или прогонство во пустината.

Исто така немаме друго чаре освен тоа воените злосторници коишто војуват на страната на пучистите и бунтовниите да им ги предадеме на локалните и меѓународни судови, рече портпаролот Кануну кој во претходната објава истакна дека чистењето на градовите Сирте и Ал-Џуфра од руските платеници стана неминовност.



Слични вести