Апел од Ал Сараџ до МКС за итно испраќање екипи за истражување на злосторствата на Хафтар

Масовните гробници откриени на 22 јуни во Либија претставуават докази за „воено злосторство“ и „злосторство против човештвото“

1444984
Апел од Ал Сараџ до МКС за итно испраќање екипи за истражување на злосторствата на Хафтар

Либискиот премиер Фаиз Ал-Сараџ рече Меѓународнот кривичен суд (МКС) под итно треба да испрати екипи за истражување на злосторствата на лидерот на нелегитимните сили Халифа Хафтар и неговите милицајци, стационирани во источните предели на земјата.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Либија Мухамед Ал-Каблави во објавата преку профилот на твитер истакна дека премиерот Сараџ упати повик до Меѓународниот кривичен суд да испрати екипа за истражување на злосторствата на милицајците на Хафтар.

Премиерот Сараџ даде ветување дека ќе и се пружи потребната поддршка на екипата која што ќе биде испратена, потенцирајќи дека неказнувањето на милицајците на Хафтар, ќе ги поттикне да извршат масовни масакри и геноциди како оние во Руанда и Босна и Херцеговина како и невидените злосторства на Нацистите.

Во соопштенето беше истакнато дека премиерот Сараџ, нападите на милицајците на Хафтар врз невините цивили, цивилните аеродроми, камповите кадешто се сместени бегалците и мигрантите и киднапирањето на пратеничката Сихам Сергива од куќата во Бенгази, ги оцени за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Милицајците на Хафтар од јули минатата година наваму, пратеничката Сергива ја држат во непознато место.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Фатоу Бенсоуда рече дека масовните гробници откриени на 22 јуни во Либија претставуават докази за „воено злосторство“ и „злосторство против човештвото“.

Ви писменото соопштение кое беше објавено на 24 јуни од страна на Мисијата на ОН за поддршка на Либија (УНСМИЛ) беше истакнато дека во рамките на Советот за човекови права на ОН беше формирана Меѓународна комисија за истражување на случувањата во Либија.



Слични вести