Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1444594
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка
super covid19 6.jpg
super covid19 hijyen.jpg
super covid19 hijyen2.jpg
moskova covid.jpg
super covid19 hijyen3.jpg
super covid-19 hindistan.jpg
super covid 19 guney afrika
koronavirus hindistan super manset.jpg
koronavirüs afrika.jpg
afrika koronavirus.jpg
kuzey afrika koronavirus.jpg
afrika koronavirüs.jpg
afrika.jpg
afrika.jpg
korona arap ülkeleri.jpg
arap ulkeleri koronavirus.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 503 илјади 952 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 10 милиони 225 илјади, а досега оздравеа повеќе од 5 милиони 527 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Индија, со смртта од коронавирусот на уште 384 лица во изминатите 24 часа, бројот на починатите се зголеми на 16.487 лица, додека со регистрирање на уште 19.619 новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на вкупно 549.196 лица. Досега во земјата се оздравени вкупно 321.774 заболени пациенти од вирусот. Индија се наоѓа на четврто место во светот по бројот на случаите на зараза од Ковид-19.

Во Иран, кадешто досега бројот на смртните случаи изнесува вкупно 10.508 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на вкупно 222.669. Бројот на новозаразените лица со Ковид-19 за време на скрининг тестирање за Ковид-19 во градот Кум од 15 се зголеми на 45 лица. Иранскиот претседател Хасан Рухани во рамките на борбата против Ковид-19, го рече следното: „Идната недела, почнувајќи од 2 јули ќе се применува задолжително носење на маска во прометни места.“

Во Русија, од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега животот го загубија 9.073 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува вкупно 634.437 лица.

Во Ирак, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 96 лице со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 1.756, а со регистрирање на уште 2.140 новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 45.402 лица. Претседателот на Туркменската партија за правда Енвер Бајрактар кој отккао пред 10 дена доби позитивен тест на Ковид-19 се стави во карантин во домашна изолација, потоа беше префрлен во болница по што го загуби животот.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои источни земји, арапски и азиски земји е вака:

Кина 4.634, Пакистан 4.118, Индонезија 2.754, Бангладеш 1.738, Саудиска Арабија 1.551, Филипините 1.244, Украина 1.129, Јапонија 971, Авганистан 721, Кувајт 348, Ерменија 426, Израел 317, Обединетите Арапски Емирати 313, Јемен 302, Јужна Кореја 282, Азербејџан 198, Оман 163, Казахстан 178, Катар 110, Таџикистан 52, Киргистан 47, Узбекистан 21, Грузија 15.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на 9.604, на случаите на зараза достигна до 383.104 лица, досега оздравеа вкупно 184.199, а бројот на активни случаи на континентот изнесува 189.301.

Најголем број човечки загуби од коронавирусот (Ковид-19) во Африка досега има во Египет кадешто починаа 2.708 лица и каде во рамките на мерките против Ковид-19 повторно се отворени за верски обред (ибадет) џамиите во земјата коишто беа затворени пред приближно 3 месеци.

Во Судан, кадешто има вкупно 572 смртни случаи забраната за летање на домашни и меѓународни линии во рамките на превентивните мерки на Ковид-19 е продолжена до 12 јули.

По Египет, според бројот на смртните случаи од коронавирусот (Ковид-19) во Африка следуваат Јужноафриканската Република со 2.456, Алжир 897, Нигерија 558, Камерун 313, Мароко 221, Демократска Република Конго 157, Кенија 143, Мавританија 126, Мали 114, Гана 112, Етиопија 98, Сомалија 90 починати.

Најголем број случаи на зараза пак, на континентот Африка има во Јужноафриканската Република со 138.134, а потоа следуваат Египет со 63.923, Нигерија 24.077, Гана 16.742, Алжир 13.273, Камерун 12.592, Мароко 12.052, Судан 9.257, Демократска Република Конго 6.827, Сенегал 6.586, Кенија 6.070, Етиопија 5.689.

Од друга страна, во африканските земји како што се Сејшелите, Еритреја, Уганда, Намибија и Лесото досега нема регистрирани смртни случаи.

 



Слични вести