Реализиран воздушен напад за време на состанок на високи функционери на Талибан во Авганистан

Портпаролот на губернијата на Сар-и Пул Забихуллах Амани изјави за новинската Агенција Анадолија „АА“ дека е реализиран воздушен напад во населеното место Сузма Кале за време на состанок на кој учествуваа високи функционери на Талибан

1444915
Реализиран воздушен напад за време на состанок на високи функционери на Талибан во Авганистан

Авганистанските безбедносни сили реализираа воздушен напад во покраината Сар-и Пул за време на состанок на кој учествуваа високи функционери на Талибан.

Портпаролот на губернијата на Сар-и Пул Забихуллах Амани изјави за новинската Агенција Анадолија „АА“ дека е реализиран воздушен напад во населеното место Сузма Кале за време на состанок на кој учествуваа високи функционери на Талибан.

Велејќи дека во нападот се убиени голем број милитанти меѓу кои и високи раководители на Талибан,  Амани рече дека засега не располагаат со точната бројка на загубите на страната на Талибан.

Од страна на Талибан засега не е објавено било какво соопштение во врска со прашањето.



Слични вести