ОН: Турција е клучна земја во помошта којашто му се доставува на сирискиот народ

Портпаролот на Канцеларијте на Обединетите нации за координација на хуманитарната помош (OCHA) Јенс Лаерке истакна дека Турција е клучна земја во помошта којашто му се доставува на сирискиот народ

1444808
ОН: Турција е клучна земја во помошта којашто му се доставува на сирискиот народ

Портпаролот на Канцеларијте на Обединетите нации за координација на хуманитарната помош (OCHA) Јенс Лаерке во изнесените проценки за новинската Агенција Анадолија „АА“ во врска со хуманитарната состојба во Сирија и активностите на Обединетите нации (ОН) за доставување помош во оваа земја, истакна дека ситуацијата „достигна до крајно ужасни димензии“.

Велејќи „Приближно 11 милиони луѓе сѐ уште имаат потреба од помош, заштита и поддршка од Обединетите нации (ОН)“, Лаерке рече дека Турција е клучна земја во помошта којашто му се доставува на сирискиот народ.

Лаерке подвлече дека и епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и нанесе тежок удар на сириската економија и предупреди дека уште поголем број луѓе се вовлечени во глад во Сирија.

Јенс Лаерке истакна дека Обединетите нации (ОН) годинава побараа 3,8 милијарди долари донација од меѓународната заедница за да им се помогне на цивилите во Сирија по прашањето на обезбедување на храна, засолниште, чиста вода и здравствени услуги, меѓутоа укажа на тоа дека досега можеше да се собере само една третина од оваа сума.

„Турција долги години како е извонреден домаќин (за бегалците)“ - рече Лаерке и појанси дека милиони цивили кои имаат потреба од заштита и засолниште во Сирија, бегајќи од војната во нивната земја се засолнаа во Турција.

Портпаролот на Канцеларијте на Обединетите нации за координација на хуманитарната помош (OCHA) Јенс Лаерке, ја сподели информацијата дека со фондот којшто ќе се обезбеди од состанокот  „Донатори на високо ниво“ којшто ќе се одржи на 30 јуни во главниот град на Белгија, Брисел, а во заедничка организација на Европската Унија (ЕУ) и Обединетите нации (ОН), ќе може да им се достави помош на Сиријците кои се засолнати во соседните земји, вклучувајќи ја и Турција.

Истакнувајќи дека со прекинот на огнот во Идлиб не е решено сѐ и дека 2,8 милиони луѓе во регионот имат потреба од помош од Обединетите нации (ОН), Јенс Лаерке нагласи дека Турција е „клучен играч од два аспекта“ во регионот и ја изнесе следната констатација: „Како прво, Таа е земја домаќин на најголем број Сиријци и како второ е клучна од аспект да би можеле да доставиме хуманитарна помош во жариштата внатре во границите на Сирија.“



Слични вести