Индија на границата со Кина распореди противвоздушно одбранбен систем

Според индискиот весник „Times of India“, за спречување на евентуалниот проблем којшто би бил предизвикан од страна на кинеските воени авиони и хеликоптери се распоредени противвоздушно одбранбени системи на индиската армија

1444673
Индија на границата со Кина распореди противвоздушно одбранбен систем

По пограничниот судир на границата со Кина, Индија на границата со оваа земја во спорната област Ладак на Хималајските планини распореди противвоздушно одбранбени ракетни системи копно-воздух.

Според веста објавена во индискиот весник „Times of India“, индиски функционери соопштија дека за спречување на евентуалниот проблем којшто би бил предизвикан од страна на кинеските воени авиони и хеликоптери се распоредени противвоздушно одбранбени системи на индиската армија.

Овој чекор на Индија уследи по интензивирањето на активностите на воените авиони и хеликоптерите на Кина во должина на Фактичката контролна линија (LAC) помеѓу двете земји.

Инаку, процесот во спорната област Ладак во североисточниот дел на Индија којшто на 15 јуни стана причина за судир во кој загинаа 20 индиски војници и по кој дојде до пораст на тензијата во регионот, започна откако кинеските војници во почетокот на мај од три места влегоа во спорната област Ладак и овде постави шатори и формира воени станици.

Поголемиот дел од граничната линија помеѓу Кина и Индија во должина од 3.500 километри, станува причина за дискусии за суверенитетот помеѓу двете земји.

Властите во Пекинг изнесуваат територијални претензии за суверенитет над териториите од 90 илјади квадратни километри во провинцијата на Индија Аруначал Прадеш, која инаку ја нарекуваат „Јужен Тибет“, додека властите во Њу Делхи застанува во одбрана на тоа дека териториите од 38 илјади километри квадратни коишто го опфаќаат платото Аксаи Чин се окупирани од страна на Кина.



Слични вести