„Блумберг“: Поради Турција му паднаа во вода соништата на Макрон за Либија

Во текстот на „Блумберг“ се истакнува дека тоа што францускиот претседател Макрон ја критикува Турција е поврзано со обидот за прикривање на недостатоците на неговата земја во Либија и конкуренцијата во однос на енергетските права во Источниот Медитеран

1444642
„Блумберг“: Поради Турција му паднаа во вода соништата на Макрон за Либија

Во медиумската агенција „Блумберг“ со седиште во САД беше напишан текст под наслов „Поради Турција му паднаа во вода соништата на Макрон за Либија“.

Во текстот се истакнува дека францускиот претседател Емануел Макрон води обиди да го легитимизира Халифа Хафтар против Владата во Триполи којашто од страна на Обединетите нации (ОН) е призната за легитимен претставник на Либија, а кој инаку е познат како водач на нелигитимните вооружени сили во источниот дел на Либија и е „осомничен за војна“. 

Се вели дека тоа што Макрон ја критикува Турција е поврзано со обидот за прикривање на недостатоците на неговата земја Франција во Либија и конкуренција во однос на енергетските права во Источниот Медитеран.

Авторот на текстот Боби Гош нагласува дека единствената личност која прави нешто опипливо (позитивно конкретно) во Либија е претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган кој со дадената поддршка на Владата на национално единство на Либија обезбеди силите на Хафтар да се повлечат. 

Во текстот воедно истакнува дека Макрон кој изнесува неправедни обвинувања на сметка на Турција „ја има изгубено својата меморија“ и се привлекува внимание дека Макрон се чувствува „вклештен во ќош“ од страна на Хафтар од кого никако не може „да се ослободи“.

Се наведува дека промената на текот на настаните во Либија значи дека ќе се појават на виделина некои срамни ситуации за францускиот претседател Емануел Макрон и министерот за надворешни работи Жан-Ил Де Дријан, а воедно се нагласува дека пронајдените масовни гробници во областите коишто се заземени од рацете на Хафтар е изнесено пред очите тоа дека лицето кое се поддржува од страна на Франција извршило огромни злосторства.

Во текстот на „Блумберг“ се подвлекува дека тоа што францускиот претседател Емануел Макрон ја критикува Турција за прикривање на виновноста на Франција не може да се оцени како „беспомошен обид“ и се изнесува следната констатација: „Макрон има и други пресметки со Анкара. Како што е конкуренцијата (ривалството) во однос на енергетските права во Источниот Медитеран.“



Слични вести