Американски авиони во близина на Алјаска пресретнале 4 поморски авиони на Русија

Во објавеното соопштение од Командата на Воздухопловната одбрана на Северна Америка (НОРАД) се истакнува дека борбени авиони од типот Ф-22 Раптор вчера во близина на Алјаска пресретнале 4 руски поморски извидувачки авиони од типот Ту-142

1444558
Американски авиони во близина на Алјаска пресретнале 4 поморски авиони на Русија

Командата на Воздухопловната одбрана на Северна Америка (НОРАД) на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека во близина на Алјаска биле пресретнати 4 поморски авиони на Русија.

Во објавеното соопштение од НОРАД се истакнува дека борбени авиони од типот Ф-22 Раптор вчера во близина на Алјаска пресретнале 4 руски поморски извидувачки авиони од типот Ту-142.

Во соопштението се вели дека руските авиони за коишто станува збор се доближиле 65 милји до бреговите на Алјаска и во областа останале приближно 8 часа.

Со ова пресретнување, Соединетите Американски Држави (САД) во близина на Алјаска во последната една година се соочија 10 пати со Русија.



Слични вести