СЗО. „Имаме потреба од 31,3 милијарда долари за борбата против Ковид-19“

Нгози Оконџо Ивела: „За дијагностицирање и лекување во земјите со ниски и средни приходи има потреба од 12 месеци, додека за откривање на вакцината против Ковид-19 има потреба од најмалку 18 месеци.“

1444269
СЗО. „Имаме потреба од 31,3 милијарда долари за борбата против Ковид-19“

Светската здравствена органзација (СЗО) обави соопштение во кое истакна дека Коалицијата за борба против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) под лидерство на СЗО во претстојните 12 месеци има потреба од 31,3 милијарди долари за тестирање, лекување и откривање на вакцината.

Специјалниот претставник на програмата „ACT-Accelerator“ Нгози Оконџо Ивела во говорот на коференцијата што се одржа со посредство на видео конференција и на која уествуваше и генералниот директор д-р Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека за дијагностицирање и лекување во земјите со ниски и средни приходи има потреба од 12 месеци, додека за откривање на вакцината против Ковид-19 има потреба од најмалку 18 месеци.

Оконџо Ивела која беше и поранешен заменик претседател на Светската банка (СБ) рече дека коалицијата во претстојните 12 месеци има потреба од 31,3 милиајрди долари за тестови, лекување и откривање на вакцината, додека нспроти тоа досега се собрани само 3,4 милијарди долари.



Слични вести