Расте билансот на Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 497 067, на заразените над 9 912 000, а на оздравените над 5 362 000

1444214
Расте билансот на Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 497 067, на заразените над 9 912 000, а на оздравените над 5 362 000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД која важи за седиште на епидемијата на Ковид-19 во светот во псоледните 24 часа се зголеми за уште 2 500, додека бројот на заразените се зголеми за уште 42 000, така што вкупниот број на смртни случаи изнесува 127 640, додека на заразените над 2 502 000. Весникот Њујорк Тајмс истакнува дека просечната возраст на поголемиот број заразени од Ковид-19 во сојузните држави Аризона, Флориа и Тексас каде што се забележува раст на бројките е движи од 20 до 40 години.

Бројот на смртните случаи во последните 24 часа од Ковид-19 во Велика Британија се изнесува 43 414, додека на новоинфектираните за 43 414.

Бројот на смртните случаи во последните 24 часа од Ковид-19 во Италија се зголеми за уште 30 и изнесува 34 708, додека бројот на активните заразени се намали за 665 и изнесува 17 638. Бројот на заразените од Ковид-19 изнесува 239 961, додека во последните 24 часа беа регистрирани 259 нови случаи. Во меѓувреме премиерот Џузепе Конти и министерката за образование Луциа Азолина на заедничката прес конференција истакнаа дека училиштата ќе се отворат на 14 септември под интензивни мерки. Инаку училиштата во регионите Ломбардија, Емилија-Ромања и Венето поради Ковид-19 беа пуштени на распуст во февруари, додека во останатите региони во март.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 26 и изнесува 29 778, додека бројот на инфекираните за уште 1 588 и изнесува 200 331.

Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека бројот на смртните случаи во последните седум дена изнесува 8. Вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 28 338. Бројот на новоинфектираните во последните 24 часа се зголеми за уште 191 така што вкупниот број на заразени изнесува 247 905.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Бразил се зголеми за уште 990 и изнесува 56 109, додека бројот на новите случаи се зголеми за уште 46 860 и изнесува 1 280 054.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Мексико во последните 24 часа се зголеми за уште 719 и изнесува 25 779, додека бројот на новоинфектираните се зголеми за уште 5 441 и вкупниот број изнесува 208 392.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Аргентина изнесува 1 184, додека на заразените 52 557. Карантинот кој во одредени региони на земјата се спроведува над 3 месеци, во главниот град Буенос Аирес и околината беше заострен и продолжен до 17 јули.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Португалија во последните 24 изнесува 6, а вкупнот број 1 555. Бројот на заразените се зголеми за уште 451 така што вкупниот број на заразени изнесува 40 866.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Босна и Херцеговина се зголеми за уше 3 и изнесува 178. Во земјата продолжув стапката на пораст на инфектирани. Во псоледните 24 часа беа регистрирани 140 новоинфектирани случаи, додека вкупнот број на заразени изнесува 3 935.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Црна Гора изнесува 9. Иако минатиот месец беше објавена информација дека заврши епидемијата во земјата, со регистрирање на 115 случаи на новоинфектирани, вкупниот број на заразени изнесува 439. Врз база на овие случувања, властите повторно ги вратија мерките против Ковид-19. Во тие рамки на граѓаните им беше забрането да се собираат на јавни места и да оддржуваат митинзи и верски обреди. Владата донесе одлука спортските натпревари да се одржуваат без гледачи, додека на погребните церемонии на умрените ќе можат да учествуваат само најблиските членови на семејството. Во земјата повторно стапи на сила задолжителното носење маски во јавните места и јавниот превоз.



Слични вести